Утре се определуваат највисоки цени за зеленчукот и овошјето, објави министерот за економија, Крешник Бектеши.

Според неговата објава на Фејсбук, станува збор за доматите, краставиците, кромидот, карфиолот, пиперки, грав, леќа, банани, портокали, мандарини и лимони.

Бектеши ги повика граѓаните да дадат придонес во делот на дополнување на листата на производи како и на цените на кои тие сметаат дека треба да се замрзнат во делот на овошје и зеленчук или други производи.