Во Србија денес се дигна голема полемика по вчерашното поставување на тенкот Т-55 пред стадионот на Црвена ѕвезда, со знамето на клубот и натписот „Северна армија“.

Додека фудбалерите на „црвено-белите“ во понеделник тренираа напорно, подготвувајќи се за натпреварот со Јанг бојс, стадионот „Рајко Митиќ“ доби нов експонат, тенкот Т-55 поставен од страна на „Делиите“- навивачите на Црвена ѕвезда.

Од УЕФА се уште нема реакција, но затоа со реакција во јавноста се огласи министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ кој изјави дека ова „оклопно возило е всушност макета која не предизвикува опасност.“

Но, според Би-Би-Си на српски јазик, станува збор за вистински тенк, кој ги поминал сите контроли и безбедносни проверки.

– Станува збор за расходован тенк, од кој е изваден моторот, залиена е цевката и кој е купен на воен отпад, пишува БиБиСи, кој додава дека останува енигма за начинот кој и како може да купи тенк и со која намена.

Иницијативата „Да не давиме Белград“ ги повика властите да го отстранат тенкот поставен пред стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград.

– Не е јасно, како е можно да се поседува воено оружје од ваков тип и каква е улогата на Армијата во сето ова. Се поставува и прашањето кој ја добил дозволата да го постави тенкот на јавна површина, а во име на спортската асоцијација на граѓаните на Црвена ѕвезда, соопштија од Иницијативата, која го осуди „славењето на воените симболи“ на јавниот простор, особено ако тие биле „тесно поврзани со војните во 90-тите години“.

Поради случајот со тенкот и наводите дека се работи за примерок кој е користен во воените судири во Вуковар-бурно реагираа и хрватските медиуми, како и српските граѓани на социјалните мрежи.