Неуспешниот бунт во Русија за време на викендот покажува дека претседателот Владимир Путин ја уништува сопствената земја, изјави германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок на заедничката прес-конференција со јужноафриканската колешка Неледи Пандор.

Шефицата на јужноафриканската дипломатија истакна дека обидот за државен удар во Русија нема да влијае на напорите на африканските земји да посредуваат помеѓу Москва и Киев за ставање крај на војната во Украина.

Претседателот на ЈАР, Сирил Рамафоса и другите африкански лидери ги посетија Русија и Украина. Пандор најави слични средби и наредните недели.

Германија и ЈАР Африка сакаат да ја прошират билатералната соработка и покрај разликите во однос на Русија односно неутралниот став на Кејптаун.

Пандор наведе дека односите ЈАР – Германија се „многу важно стратешко партнерство“ и оти двете земји соработуваат во сферата на економијата и туризмот, како и во борбата против климатските промени и во справувањето со последиците од пандемијата со Ковид-19.