Непознати лица го ограбиле Музејот на Штази во Берлин, само неколку дена по кражбата на Музејот на Дрезден.
Штази беше политичка полиција во поранешна Источна Германија.
Германската полиција соопшти дека крадците влегле преку прозорец искршиле неколку витрини и земале медали и накит.
Се уште не е познато кога точно се случила кражбата, а била откриена вчера утрото од вработен во Музејот.
На 25 ноември беше ограбен Музејот Зелен трезор во Дрезден, при што крадците однеле колекција на накит од 17 век, во вредност од над една милијарда евра, соопшти полицијата. За каква било информација поврзана со кражбата распишана е награда од 500.000 евра.