Во текот на вчерашниот ден во Беровскиот регион се случиле две сообраќајни несреќи, а возачите на тракторите се здобиле со тешки телесни повреди.

Портапролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова денеска информираше дека првата несреќа се случила кај местото викано „Бричките“ во атар на село Двориште.

Педесет и четиригодишниот Б.Ц. од Берово, управувајќи трактор „ИМТ“ со беровски  регистарски ознаки на кој била и неговата сопруга И.Ц., изгубил контрола над тракторот и се превртел, при што се здобил со тешки телесни  повреди и со возило на Итната медицинска помош Берово бил пренесен во болницата во Струмица, вели Панајотова.

Втората несреќа се случила во атарот на село Русиново, каде што 63 -годишниот  А.Г. стартувајќи го тракторот  „Фиат“, со беровски регистарски ознаки, изгубил контрола,  се  превртел, при што се здобил со  тешки  телесни повреди и со возило на Итната медицинска помош Берово бил пренесен во Клиничката болница Штип.

Увид на местото во двете несреќи извршила увидна екипа на Полициската станица-Берово.