Наспроти владините искажувања поткрепени и од Венко Филипче дека септември е месец кога можат да се очекуваат компликации поради почетокот на сезона на грип и можниот втор бран на корона вирусуот, сето заедно поврзано со респираторни заболувања, а како причина поради што предвремените избори треба да се одржат пред септември, статистиката на Институтот за јавно здравје од минатите години го говори спротивното.

Имено, ИЈЗ започнува со неделно следење на заболените од грип и случаи на заболувања дури од октомври, а не од септември, со тоа што кривата на заболувања, како што можете да видите, покажува дека во октомври практично и нема вакви заболувања. За септември, како оптимален месец за избори, од кој СДСМ бега, и да не зборуваме.

Како што можетеб да видите од оваа мини анализа на „Денешен“,  во сезоната 2016/17 овие заболувања почнуваат да се јавуваат во 46-та недела од годината или во средината на ноември (40-та недела е почеток на окомври).

Во 2017/18 година, заболувањата од грип и слични на нив заболувања, започнале од почетекот на октомври, но со изразито ниска активност, речиси незабележливо, за кривата да почне да расте после 52-та недела, односно од крајот на декември и после новогодишните празници.

Слично е кога ќе се земат податоциоте од 2010 година. Типичната секознска крива покажува знаци дури по 46-та недела, односно средината на ноември, за максималната активност да ја достигне околу Нова Година.

 

Подолу е статистиката токму за оваа сезона кога се забележани 37 000 слуачаи на грип, пред да започен епидемијата со корона.

Како што можетет да видите, и 2018/19 и 2019/20 година, грипот и заболувањата слични на грип започнуваат да се шират меѓу населението после 45-та недела, односно од ноември.

Сето ова покажува дека септември е сосема безбеден месец за одржување избори, во оваа ситуација побезбеден од јуни, како термин на кој инсистира СДСМ, кога се уште ќе биде присутно влијанието на Ковид 19 и ога најверојатно се уште ќе имаме болни и зарзени од епидемијата.

Овие податоци всушност с еуште еден доказ во прилог на тезатат дека СДСм брза со избори не заради можниот втор бран од вирсуот и грипот во сепотември, туку затоа штос е надева дека проади страв, помалку граѓани ќе излезат на избори и дека тоа ќе му овозможи помал пораз. Тоа, со евентуални изборни комбинаторики и инженеринг сличен ан тој од 2016 гоида Заев ги загубио избори, му дава надеж на лидерот на СДСМ з ауште еден мандат.

Септември пак е месец од кој СДСМ панично се плаши, бидејќи се очекува тогаш со сета сила да им се удрат од глава неспособните и криминални политики.