Претстои сериозна гасификација на земјава по далеку пониски цени од сегашните. Проценките се дека цената на гасот би се намалила и до 20  отсто со идниот крак од Грција преку Македонија па се до Косово со што стануваме транзитна земја.

Ова го истакна претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни (РКЕ) услуги Марко Бислимоски аа он-лајн дебата за состојбите во енергетскиот сектор во организација на Стопанската комора на Македонија (СКМ).

Како што соопшти РКЕ тој пред стопанствениците и членовите на Собранието на СКМ ја претстави состојбата во енергетиката во однос на снабдувањето со топлинска енергија, гас и електрична енергија.

-Во Бугарија, по отворањето на Балкан хаб каде што има пристап на гас од Турција, но и на ЛНГ од Грција, цената на гасот се намали за 40  отсто. Податоците и анализите укажуваат дека секоја земја што гради инфраструктура и што се поврзува со нови коридори може да очекува пониска цена. Логично е тоа да се очекува и од гасното поврзувањето на Северна Македонија со Грција. Проценките се дека цената на гасот би се намалила и до 20  отсто. Диверзификацијата на изворите од кои се снабдуваме со гас ќе ја зголемат понудата и цента ќе оди надолу . Кракот што ќе го имаме со Грција е клучен затоа што ќе транзитира низ нашата земја и ќе оди и до Косово потенцира Бислимоски.

Прогнозите на потрошувачката и цените на енергенсите во претстојниот зимски период, и постапките за поднесување приговор доколку настане штета поради прекин на испорака на електрична енергија, природен гас и топлинска енергија,беа дел од прашањата за кои стопанствениците изразија интерес.