РС Македонија е атрактивна дестинација за инвестиции кои ќе донесат просперитетна иднина за државата и регионот, објави македонската Влада.

– Додека гледаме раст на економската соработка меѓу С. Македонија и Грција, уверен сум дека има многу потенцијал за дополнително проширување и се надевам дека денеска ќе ги отвориме вратите преку споделување идеи и можности за инвестирање. Оваа Влада гледа на бизнис секторот и на инвеститорите во нашата земја како на партнери. Градиме силни и искрени односи и тоа носи резултати, потенцираше вицепремиерот Фартмир Битиќи на настанот на првата трговска мисија на компании од Република Грција во РС Македонија.

Ова го објави Владата на својот официјален профил на Фејсбук за денешните нејзини активности.

Во „атрактивната дестинација“ во последниве години нема ниту една поголема инвестиција, за разлика од „неатрактивните“ Србија и Албанија, каде во последниве неколку дена беа пуштени во употреба брза пруга по која возови развиваат 200 км на час, односно гасовод од Азербејџан преку Албанија до Италија.