Голема чест е да се биде во тимот на премиерот Зоран Заев, честитки за признанието од земјоделците, објави на Фејсбук советничката на Заев, Ленче Николовска за признанието што премиерот го доби од здружение на земјоделци од Битола.
Здружението за земјоделци „Современо земјоделство“ од Битола денеска му додели на Заев признание за „најуспешен премиер со исклучително залагање за развојот на земјоделскиот сектор во Р.С. Македонија“.
Како што е веќе познато, Заев чека абер и од Стокхолм, како кандидат за Нобелова награда. Но, ете, битолчани беа побрзи од стокхолмчани.
Под текстот за признание за Заев се објавени фотографии од синоќешниот простет на лозарите во Неготино, откупот на јаболката во Преспа од минатата сезона, откупот на праски во Росоман итн.