Перспективите на Украина за членство во НАТО зависат од исполнувањето на голем број политички и воени услови, изјави пред новинарите во Киев советникот на претседателот на САД Доналд Трамп за националната безбедност Џон Болтон.

– Во 2008 година, администрацијата на претседателот Џорџ В. Буш им понуди на Украина и на други земји членство во НАТО, но европските сојузници не се согласија. Сега нашата влада активно го разгледува ова прашање за Украина. Неколку чекори се преземени, но многу нешта зависат од самата Украина, рече Болтон.

Тој оцени дека Украина постигнала напредок, но и дека многу останува да се направи.

Болтон уште посочи  американските санкции против Русија ќе останат во сила се додека Москва не го промени своето однесување. На средбата со украинскиот претседател Петро Порошенко Болтон оценил дека Москва не треба да се меша во украинските претседателски избори следната година.