Шпанската Влада денеска усвои декрет со кој се овозможува преместување на посмртните останки на поранешниот диктатор Франсиско Франко од мавзолеј близу Мадрид.

Шпанската вицепремиерка Кармен Калво изрази увереност дека парламентот ќе ја поддржи одлуката и тоа, најверојатно, следниот месец.

Шпанската малцинска социјалистичка Влада сака да ги отстрани неговите посмртни останки од мавзолејот, со цел тоа да биде место за сеќавање на граѓанската војна, а не величање на диктатурата.

Во мавзолејот „Долина на паднатите“ се наоѓа базилика и крст висок 150 метри, кој го изградиле воени заробеници, а го отворил самиот Франко во 1959 година.