Силна експлозија оддекна утрово во деловнот центар на Пиреја, Грција, при што е предизвикана сериозна материјална штета.

Полицијата ја истражува експлозијата на бомба. Нема информации за жртви или за повредени.

Се верува дека екплозивната направа била оставена во торба и експлодирала во близина на судовите. Во зградата каде експлодирала бомбата се сместени повеќе адвокатски фирми.

Според медиумските извештаи, околните згради и автомобили исто така претпреле штета.

Областа е под полициска опасада, се испитуваат очевидци, а се прегледуваат и безбедносните камери.