САД нема да учествуваат на самитот за иднината на Авганистан следниот месец во Москва, информира претставник на Стејт департментот.

– Во принцип поддржуваме иницијативи предложени и предводени од Авганистанци, кои имаат за цел да постигнат напредок за мировно решавање за Авганистан. Имајќи ги предвид резултатите од претходните средби во московски формат, сметаме дека е малку веројатно оваа иницијатива да доведе до каков било напредок во оваа насока, изјави американски дипломат за руски медиуми.

Претходно руското Министерство за надворешни работи соопшти дека 12 земји, меѓу кои и САД, биле поканети да учествуваат во консултациите за Авганистан во Москва, закажани за 4 септември. Талибанците, исто така, беа поканети и прифатија учество.

Последниот круг консултации во московскиот формат се одржа во април.