По се изгледа поговорката „крушка под круша паѓа“ ќе важи и за семејството Клинтонови – ќерката на Бил и Хилари, Челзи не исклучува дека во иднина би можела да влезе во политиката.

На Меѓународниот саем на книгата во Единбург, Челзи ја промовираше книгата за нејзиното детство која се однесува за жените кои страдаат и притоа го криткуваше претседателот Трамп за политиката на раздвојување на децата од семејствата на границата со Мексико.

Нарекувајќи го мандатот на Трамп „разочарувачки“, таа додаде дека во „моментот политиката е најголем грев“ и истакна дека „тоа што на федерално ниво Трамп го прави ме обесхрабрува, но сум благодарна за тоа што го прават мојот сопруг и нашите сенатори за да го запрат“.

Како и да е Челзи не ја исклучува можноста дека ќе се бави со политика и еден ден ќе се вклучи во трката за претседател, велејеќи дека „за сега секако тоа не е, но веројатно во иднина, затоа што не знаеме што ќе ни донесе иднината“.

Инаку, Челзи имаше 12 години кога татко и Бил влезе во Белата куќа, и се потсети како медиумите реагирале тогаш.

„Јас сум со неверојатно чувство за заштита на Барон Трамп, кој има 12 години, како и јас во тоа време. Колку и да не се согласувам со неговиот татко, но луѓето го навредуваат него (Барон). Јас го изгубив тоа чувство за нив затоа што тој е дете и треба да ужива во детството како и секое дете“.