Повеќе од 70.000 луѓе останале без работа во Бугарија, а премиерот Бојко Борисов уште кон средината на март ги повика газдите да „продадат по еден автомобил од тие што ги имаат, да им дадат плата на работницте, а не цело време да бараат помош од државата“.

Сакајќи да покаже колку всушност се богати газдите во Бугарија, Борисов објави и бројки на тоа колку супер автомобили има регистрирано во таа земја.

Според него во Бугарија сега има: 3 автомобили „Бугати“ – „како оној на Роналдо рече премиерот Бојко Борисов во видео кое го објави на неговиот Фејсбук профил.

Тој изнесе податок дека во „сиромашна Бугарија“ газдите се сопственици и на 84 „ролс ројс“, 54 „мајбах“, 22 автомобили “мекларен“, 123 „ферари, 87 „ламборџини“ 241– „бентли“, 311 „масерати“ и 5.000 автомобили „порше“.