Секогаш сме истакнувале дека С. Македонија може да смета на нас за ЕУ, но никогаш не сме кажале дека безусловно го поддржуваме нејзиниот прием. Иднината на С. Македонија е во ЕУ и тие не треба да си играат со таа шанса.

Ова го изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов по консултативната средба кај претседателот Румен Радев на која присуствуваа и вицепремиерката и шефица на дипломатијата Екатерина Захариева.

-Ние немаме поблизок народ. Исклучително е важно да бидат примени во ЕУ, но важно е и да разберат дека тоа зависи од нив. Затоа апелирам да запрат да си играат со историјата, со минатото и да се концентрираат кон иднината, рече Борисов.

Софија, додаде бугарскиот премиер, сака заедно со С. Македонија преговорите да ги почне и Албанија.

На средбата кај Радев присуствуваше и вицепремиероти министер за одбрана Каракачанов. Тој, како и пред неклку дена кажа дека Бугарија не може безусловно да ја поддржува Македонија и треба да постави многу  јасни услови. И Каракачанов смета дека најдобра варијанта би била С. Македонија и Албанија заедно да ги почнат преговорите за членство во ЕУ.