Големата бразилска фудбалска ѕвезда Нејмар се повреди на натпреварот со Катар одигран ноќеска.

Дваесет и седумгодишниот фудбалер во 21.минута беше заменет со Евертон.

Нејмар се пожали на болка во десната нога и теренот го напушти придржуван од две лица од медицинскиот тим на „кариоките“.

Поконкретни информации за тежината на повредата на Нејмар се очекуваат во текот на денешниот ден. Голема е веројатноста тој да го пропушти Купот на Америка кој ќе се игра во неговата татковина од 14 јуни до 7 јули.