Македонија има вкупно 183 амбулантни возила, од кои најстарото има поминато 1.000.000 (еден милион) километри, и неколку илјади службени автомобили во кои се возат премиери, вицепремиери, министри, градоначалници, секретари, началници, директори…
Според истражувањето на Центарот за граѓански комуникациии земјава располага со 183 возила за итна помош од кои најголем број се во Скопје, Охрид и Битола, а просечната старост им е 11 години. Две возила кои се користат во Струга и Отешево, се произведени пред повеќе од 30 години, но се уште со нив се превезуваат пациенти.
Како што објави порталот Порта, повеќе од еден милион килиометри има поминато возилото за итна помош на Здравствениот дом во Кичево. Околу 11 илјади граѓани се опслужуваат со едно амбулатно возило.
Наспроти овој број на амбулантните возила, министерствата и општините располагаат со повеќе од 2.600 службени автомобили, што значи дека на секое 15 службено има едно амбулантно возило.
Последните поголеми набавки на возила за брза помош се направени во времето на „режимот на Груевски“, односно во периодот на експремиерот Никола Груевски.