Твитот на Никола Димитров за доматите, според кој секој кој ќе и даде поддршка на Македонија з апочеток на преговорите со ЕУ, ќе добие свеж пакет домати по пошта, се најде и во весниците во Бугарија, односно на нивните портали. Така, бугарски Дневник го цитира Политико, означувајќи го твитот на Димитров како твит на денот. Веројатно се паѓале од смеа кога го пуштале ова, но од друга страна можеби и не – Димитров им е партнер, па можеби ова го сфаќаат како плод на долгогодишен напорен умствен труд. Прашање е само дали доматите кои Димитров ќе ги дели влегуваат во работата на заедничките комисии – бугарски ли се, грчки или северномакедонски, но тука сигурно Заев е поголем експерт.