Парадоксално е во време на „светото тројство“ ЕУ, НАТО и демократија во Бугарија да нема (Македонци) тоа што имало за време во кое владеел режим.

Сведоштво за тоа е и дипломата на Евелина Кирјакова издадена во 1949 година во Бугарија, во која во графата народност јасно е напишаноЧ Македонка!

Дипломата на Македонката Кирјакова од Пиринска Македонија и ја издало училиштето „Арсениј Костенцев“ во 1949 година.

Училиштето е во Горна Џумаја (денешен Благоевград) во Пиринскиот дел на Македонија, денес под бугарска власт.

Ова е само уште едно од илјадниците сведоштва дека Македонци има(ло), на кои денешна Бугарија со ЕУ-демократија им крати секакви права и покрај пресуди на меѓународни инстанци (Судот за човекови права во Стразбур).

Денешна ЕУ-Бугарија е повеќе насочена кон барање Бугари и бугаризација во соседните и подалечни земји, отколку во признавањето на правата на Македонците во Бугарија и спроведување на судските пресуди во нивна полза.

(Д. Г.)