Чекам да ме уапсат, изјавил бугарскиот инфектолог доц. Атанас Мангаров за радио К2.

Инфектологот се нашол под удар на Софиското градско обвинителство по телевизиска емисија во која тој изјавил дека „564 лица кои починале починале затоа што биле вакцинирани“.

Како што пренесуваат „Новините.бг“ Обвинителството треба да утврди дали има докази за кривично дело кои се заснова на член на бугарскиот Кривичен законик за внесување паника, според кој – на почетокот на пандемијата беше обвинета, но подоцна ослободена, Асена Шербезова, која сега е министерка за здравство.

„Кога немате аргументи, почнувате да користите аргументи на сила. Целта е да ги змолчите другите. Никогаш не сум им рекол на луѓето да не се вакцинираат, туку барав тоа да не е задолжително“, додал тој.

„Ако вакцините против Ковид беа во ред, ако се направени според правилата, ако сме на чисто за нивното дејство и последици, ќе беше поинаку, но ние дури и не знаеме што има во нив. Има црни страници за содржината на вакцините“, изјавил доц. Мангаров.