Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска имаше работен состанок со Милутин Станчиќ, директор на Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците.

Министерството за образование и наука соопшти дека Царовска и Станчиќ разговарале за новата концепција за основно образование со која, како што се наведува, се обезбедува инклузивност, мултикултурализам и толеранција и дека еден сегмент од концепцијата е низ образовниот процес децата од најрана возраст да ги научат вистинските граѓански вредности, да ги почитуваат различностите и да градат едно општество за сите.

– Управата како орган на државната во состав на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците се грижи за целосна примена и реализација на уставните и законските права на припадниците на заедниците во сите степени на образовниот систем, развојот и унапредувањето на образованието на јазиците на припадниците на заедниците, промовирање на принципите на мултиетничност, кохезија и заедништво меѓу учениците преку поттикнување за изучување на јазикот и културата на Бошњаците, Власите, Србите, Турците и Ромите, пишува во соопштението на МОН.