Четворица вработени на аеродромот во Франкфурт заболеле од маларија, а германскиот Институт „Роберт Кох“ соопшти дека се претпоставува дека биле заразени преку убод од комарец од видот анофелес, кој пристигнал во Германија преку авион.

Сите четворица биле вработени во секторот за ракување со багаж на еден од најфреквентните германски аеродроми, пренесува „RTL Луксембург“.

Случајот предизвика загриженост дека би можеле да се појават и дополнителни случаи меѓу работниците на аеродромот.