Крадењето на струја бренд марк на Заев, сега од ГТЦ, а порано од Струмица, се истакнува во денешната реакција од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, во врска со акцијата на полицијата, а потоа заташкување на случајот со копање криптовалути во скопскиот Градски трговски центар.
-Власта треба да одговори од чии пари е плаќана струјата за битмајнерите во ГТЦ? Дали во ГТЦ имало околу 200 битмајнери и дали дневната потрошувачка на струја била и до 10 мегавати? Дали дневно само заради задоволување на потребите на струја за овие битмајнери е трошена струја во вредност и над 40.000 денари, односно 1.200.000 денари месечно? Дали последната година за струја за битмајнерите во ГТЦ е платено над 240.000 евра и кој ги платил тие пари?- прашува ВМРО-ДПМНЕ.
Дали овие пари, се додава во реакцијата, ги платиле сите дуќанџии во ГТЦ, со поголеми сметки и кој ќе ги обештети, ако е така?
-Доколку е трошена претпоставената количина на струја, тогаш доаѓаме до сума од 1 милион евра струја која ја платил некој друг додека функционерите од власта копале биткоини. Ова е методот на Заев, троши струја, заработувај, а народот ќе плаќа, тоа го правел неговиот татко во Струмица кој е правосилно осуден за кражба на струја, тоа го прави тој во Скопје. Со Заевци нема иднина. Со Заевци има само кражби, криминал и сиромаштија за народот, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.