Мајка на три деца која се наоѓала во вегетативна состојба медец дена по тешката сообраќајна несреќа, се разбудила кога најмалото дете побарало да ја нахрани.
Девојчето, всушност, дошло кај мајка си Марија Лора Фереира (42) на посета во болницата, кога побарала да ја надои. Иако 30 дена била во кома и лекарите не и давале никакви шанси, таа се разбудила, го прегрнала девојчето и почнала да ја дои.
Мајката имала тешка сообраќајна несреќа со мотор во аргентинскиот град Сан Франциско, при што силно ја повредила главата. Лекарите верувале дека таа е мртва во мозокот, па дури и го советувале семејството да ги донираат нејзините органи, но тие не сакале да ја исклучат од апаратот.
Мартин Делгадо, нејзиниот сопруг, рекол дека тие зборови биле многу тешко да се слушнат, но и дека верувал оти сè ќе биде добро и дека неговата сопруга ќе се разбуди.
Петнаесет дена подоцна, тестовите покажале дека жената има невролошка активност, но и натаму не се будела од кома.
Минатиот викенд, најмладата ќерка ја посетила мајка и со нејзиниот татко, седела крај неа, велејќи и дека е гладна. Жената ја повлекла кон себе и почнала да ја дои.
– Тоа беше волшебен, уникатен момент. Сите плачевме. Гледајќи ги како се прегрнуваат, тој мајчински инстинкт, беше неверојатно – вели нејзиниот сопруг.
Парот, инаку, има три деца, на возраст од 2, 13 и 17 години. Поради несреќата во кој беше тешко повредена 42-годишната жена, беше уапсено 23-годишно момче.