На 16.01.2019 година во 00.22 часот на улица „Столарска“ во Битола, И.П.(36) од село Дедебалци, битолско, управувајќи патничко возило „Мицубиши“ со битолски регистарски ознаки, удрил во пешакот С.С.(58) од Битола.

С.С. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Клиничката болница Битола. Увид на местото извршила екипа од СВР Битола.

На 15.01.2019 година во 16.30 часот во Полициската станица Кочани, Б.С.(61) од село Грдовци, кочанско, пријавил дека на 14.01.2019 година околу 17.30 часот  на улица „Лазар Андонов “ во Кочани  бил каснат од куче скитник.

На 14.01.2019 година во Полициската станица Гази Баба, вработена во Јавната установа „Ранка Милановиќ“ пријавила дека на 28.12.2018 часот од домот во непознат правец самоволно се оддалечил нивен штитеник Ж.Р.(19) од Скопје.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.