Вчера во 17:20 часот било пријавено дека на патниот правец Тетово-с.Брвеница, патничко моторно возило „БМВ“ со тетовски регистерски таблици, управувано од А.А.(22) од Тетово, удрило во велосипед управуван од З.С.(61) од с. Долно Седларце-тетовско.

Во незгодата на местото на настанот починал велосипедистот. Извршен бил увид од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Тетово. Се работи на расчистување на случајот.

Вчера во 12:00 часот било пријавено дека во Крива Паланка, на магистралниот пат Куманово- Крива Паланка, патничко моторно возило „Опел корса“ со кратовски регистерски таблици, управувано од Е.Г.(45) од Крива Паланка, удрило во паркирано товарно моторно возило „Ивеко“ со бугарски национални ознаки, паркирано од З.Р.(52) од с.Петралница-Ранковце.

Во незгодата Е.Г. се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Здравствениот дом “Крива Паланка“, а потоа во комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Крива Паланка. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Синоќа во 21:05 часот било пријавено дека во Куманово на крстосницата од улицата „100“ и улицата „146“, се случила сообраќајна незгода помеѓу моторцикл „Априлиа“ со кумановски регистерски таблици, управуван од Ф.С.(22) од Куманово и патничко моторно возило „Форд Фокус“ со кумановски регистерски таблици, управувано од А.Б.(28) од Куманово.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил моторциклистот, кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општата болница во Куманово. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Куманово. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Вчера во 17:40 часот на излез од Р.Македонија на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“ по извршена пасошка контрола од страна на полициски службеник на лицето В.Б.(37) од Алжир, кој бил со словачка патна исправа, поради постоење основи на сомнение дека била фалсификувана, бил приведен во полициска станица за понатамошна постапка.