СДС, Ковачевски и Пендаровски да кажат кој го плаќа странскиот експерт за црни кампањи Асаф Исеин, дали странска држава или во кеш со што прават кривично дело, велат во денешното партиско соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

СДС молчи и не одговара зошто се фатени во тесно. Вистината излезе на виделина.

Пендаровски призна дека се среќавал со Асаф Исеин и дека тој бил ангажиран од СДС.

Колку и Ковачевски да сака да го прикрива Пендаровски, кој беше искрен, не може.

СДС треба да каже дали во последните 10тина дена Исеин е чест посетител на нивниот штаб и дали тој им ги прави црните кампањи? Дали тоа го прави во канцеларии во еден хотел на кејот на Вардар и кој го плаќа сето тоа?

Дали ангажирањето на странскиот експерт е платено од некоја странска држава која има интерес да се меша во изборите во Македонија или пак, истото е платено во кеш? И едното и другото е кривично дело.

Со право народот вели дека немаме држава, време е да ја вратиме, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.