Љубомир ЦУЦУЛОВСКИ на ФБ:

„СО КАКВО ЗАДОВОЛСТВО… Со какво задоволство некои јавни личности и новинари ја изговараат формулацијата „… Република Северна Македонија…“, макар што истото можат да го кажат на многу поедноставен начин: „… во нашата Држава“ или „… во нашата Република.“ Меѓутоа, ако постапат така, тогаш како ќе ја потврдат својата патолошка кучешка лојалност кон владеачкиот режим, како и кон сѐ што доаѓа однадвор? Затоа, во името на недостоинството и кучешката послушност нека продожат со своето „… Република Северна Македонија“, бидејќи само така можат да ја заработат посакуваната коска. П.С. Според некои „гласини“ подготвени биле да се приклучат кон префарбување на сѐ што потсетува на симболот од Кутлеш. П.П.С. На фарбање и префарбување навикнати се уште од времето на т.н. шарена револуција.“