Се отвора едно многу сериозно прашање: Зошто ние како држава, како здравствен систем се ослонивме на модуларните болници? Ние имаме одредени капацитети по инфективните одделенија, по интернистичките одделенија, каде што можевме да хоспитализираме вакви пациенти на кои им е потребна интензивна медицинска нега, истакна доктор Андон Чибишев во септември 2021-ва година.

Во тоа време власта предводена од Зоран Заев и Mинистерството за здравство на чие чело беше Венко Филипче не ги почитуваа советите од стручни лица во фелата, па така ниту оваа изјава на докторот не ја зедоа предвид.

„Сметам дека модуларните болници не се капацитети во кои може да се пружа интензивна медицинска нега. И требаше од почетокот на пандемијата од февруари-март 2020-та до денес, имаме 4 брана, меѓу брановите кога имавме одредено смирување на епидемиолошката ситуација, требаше да мислат надлежните како да се зголемат инфраструктурно капацитетите. Како да се зголеми стручниот кадар затоа што ние немавме ни доволно инфектолози, ниту луѓе кои се оспособени да третираат такви тешки пациенти, поставени на респираторна машина, рече тогаш Чибишев.