Д-р Даглас Фајфер: Здраво на сите. Денеска сме со некој со кого веќе сме зборувале, д-р Гордон Доналдсон. Д-р Доналдсон е функционален медицински доктор (лекар што се фокусира на причините за болеста, а не само на симптомите, н.з.) кој работи во Моргантаун, Пенсилванија. Денеска ќе зборуваме за некои работи што се случуваат во здравствениот сектор. Можеме да зборуваме со часови. Д-р Доналдсон, добредојде и ти благодарам што ни се придружи.
Д-р Гордон Доналдсон: Даг, задоволство ми е и се радувам на овој разговор, бидејќи тоа е тема која е на чело на сè и за која верувам дека е многу важна.
Д-р Даглас Фајфер: Апсолутно. Роберт Ф. Кенеди Џуниор направи низа промени за кратко време. За многу од тие работи и тие и јас сме разговарале во минатото и сме имале силни ставови. Најновата е она што го направи со препорачаните вакцини преку ЦДЦ (Центар за контрола на болести). Ќе те оставам слободно да кажеш за оние што се симнати од таа препорачана листа и твоите размислувања за тоа, па ќе разговараме малку повеќе.
Д-р Гордон Доналдсон: Па, генерално, се обидувам точно да се сетам. Знам дека е ДТАП (дифтерија-тетанус-пертусис), знам дека е ММР (мали сипаници-заушки-рубеола), ИПВ (инактивирана вакцина против полио), ХЕП Б (хепатитис Б) и ХЕП А (хепатитис А). Мислам дека се тие. Не ми се тие точно, но прилично сум сигурен дека се тие. Но, клучен е зборот „препорака“ и тоа е она што е многу важно луѓето да го разберат. ЦДЦ секогаш правел само препораки. Секогаш било така. Проблемот настанува кога училиштата, државите, здравствените агенции ја гледаат препораката како мандат и апсолутен услов. Тие го префрлаат терминот од „препорака“ во „услов“. Никогаш не било услов на кој било начин. И тука е вистинскиот проблем. И се е за автономијата, знаеш, и ќе навлеземе во ова малку, и како што велиш, можеме со часови, тоа е важноста и логиката зад овие препораки. Всушност, ниту има логика зад тоа. Нема логика да се даде на дете вакцина против хепатитис првиот ден. Нема логика да се дава ДТАП на две, четири, шест месеци. И затоа треба да го разгледаме тоа, и како што реков, можеме да навлеземе во многу нешта. Тоа е клучното.
Д-р Даглас Фајфер: Апсолутно. И тука настанува конфузијата, бидејќи училиштата ги мешаат тие два збора, препорака и услов. И двајцата, и ти и јас, низ годините сме помагале на пациенти кои сакале да одат во државно училиште, но не и да поминат низ сето тоа. Тоа стана многу потешко во последните неколку години. Но, сега со ова, откако некои од тие вакцини се тргнати од листа на препораки, би требало да влијае на листата со услови, би рекол. Се надевам дека училиштата ќе го следат тоа, но тоа е сосема друга приказна. Работата што е тешка за некои да се разбере, мислам, е индивидуализацијата на вакцините. Со други зборови, мислам и двајцата се согласуваме дека ова не е нешто што треба сосема да се отфрли, но од друга страна не може да се користи како општ услов за секого. Мораме да разгледаме, и моето верување и од истражувањето што го направив низ годините, дека имаме генетски варијации кај поединците што им дозволуваат или не им дозволуваат да ги обработуваат работите како што треба. Така, мислам дека ти можеш да зборуваш за тоа еден час наместо мене, но кажи ми ги твоите размислувања во врска со оние што го критикуваат фактот дека си против вакцини или дека сакаш сосема да го отфрлиш сето ова. Можеме да навлеземе во целата работа со мРНА, но ќе ја оставиме на страна за сега.
Д-р Гордон Доналдсон: Да. Во врска со тоа, повторно се враќаме на автономијата, на индивидуалноста, на тоа дека децата се различни. Ако вакцините предизвикуваа аутизам 100%, ако предизвикуваа аутизам, стапките би биле уште повисоки. Значи, постојат и други променливи. Да беше тоа точно, би било како третман, 90% од децата би добиле аутизам. Не добиваат. Не сите деца развиваат автоимуни проблеми од вакцините. Не сите деца развиваат проблеми со срцето и слични работи. Но, треба да ги погледнеме инцидентите и како тоа експлодирало откако распоредот на вакцини е зголемен, откако станало „услов“, и откако фармацевтскиот индустриски комплекс е заштитен од тужби за повреди и смртни случаи од вакцините. Тоа кажува многу. И тоа е уште една цела област во која можеме да навлеземе. И треба да погледнеме и да разбереме зошто вакцините, под наводници, се ставени во употреба. И навистина, ако имаме време, треба да се повлечеме чекор назад и да видиме која е вистинската корист. Дали вакцините биле главниот фактор што ги намалил овие болести? Или има други фактори? Јас би тврдел дека има други фактори кои всушност ја намалиле смртноста и инциденцата на овие болести. И не беше многу јасно. Објавени се две многу добри книги годинава или лани. Џон Лик и Питер Мекалоу, книгата „Вакцини: митологија, идеологија и реалност“, и потоа книгата на д-р Шаз Кан, „Крајниот временски рок на вакцините“. Две високо препорачани книги ако навистина сакате да ја разберете сликата за вакцините, уште од ситните сипаници кога првпат биле развиени.
Д-р Даглас Фајфер: Апсолутно. Знаеш, тоа е многу важна точка што ја истакнуваш, кои други фактори? Секогаш има повеќе променливи во секоја равенка. Кои други фактори влијаеле на целокупното здравје и благосостојба на луѓето, гледано генерациски наназад. Ако погледнеме наназад, имаме работи како ладењето, број еден. Имаме генерална хигиена и чистота. Имаме санитација што се случила, третман на вода. Секакви работи што влијаеле на преносот на некои од овие вирусни зарази. И двајцата, и ти и јас, исто така сме виделе во последните неколку години, целокупно опаѓање на имунолошката функција кај поединците. А на тоа влијаеле епидемијата на обезност, недостатокот на вежбање, недостатокот на правилна исхрана. Знам уште една работа што можеш да ја споменеш, а тоа е фактот дека Роберт Ф. Кенеди Џуниор штотуку ја преврте пирамидата на исхрана наглава и луѓето ни тоа не го разбираат. Значи, сите овие работи се вбројуваат и ме интересираат твоите размислувања во врска со повеќекратните променливи што влегуваат во оваа равенка, наспроти самите вакцини.
Д-р Гордон Доналдсон: Би сакал да се надоврзам на една работа што ја спомна, исхраната. Всушност, излезе една многу добра книга во која авторот вели дека гледајќи ги сите овие променливи, всушност исхраната е единствениот најголем двигател. И тоа има смисла, бидејќи кога гледаме кои се најдобрите третмани во борбата против вирусите, за ситните сипаници тоа е витаминот А. За КОВИД и другите вируси на грип, витаминот Д, и секако другиот голем, добриот стар Лајнус Полинг и витаминот Ц. Ако луѓето само ги внесуваат соодветните количини на тие три витамини, ништо друго, повеќето од овие болести буквално би биле искоренети. Да. Бидејќи тоа е клучното. И всушност, знаеш, кога си на оваа страна на работите, би рекол дека број една работа што се појави и ги намали заразните болести беше миењето раце и личната санитација, личната хигиена. Број две беше јавната санитација. А број три беше навистина превенцијата од смрт од овие болести, кои вируси не се толку, но тоа се антибиотиците, не вакцините. А потоа, секако, она што беше турнато на преден план, а не беше на мојот радар додека не почнав да читам за тоа и да истражувам сам, е всушност исхраната. И тоа има совршена смисла, бидејќи тоа се твоите три големи витамини. Ако луѓето само ги внесат нив, веќе сте на добар пат да живеете здрав живот од заразни болести.
Д-р Даглас Фајфер: Толку точно. И знаеш, ти кажав за ова порано. Основав група за нашата државна асоцијација наречена Работна група за функционална исхрана, за која се надевам дека твојот син и снаа ќе станат дел во некој момент. Се радувам на тоа. Ќе седнеме утре. Добро. Но, знаеш, една од работите што еден од нашите доктори во работната група ја кажа беше токму она што ти го кажа. Ако можеш само да им помогнеш на пациентите да сфатат колку е важно, и ти знаеш исто толку добро како мене дека витаминот Д би се нарекувал хормон доколку денес бил откриен, да ги натераш да земаат малку витамин Д, да земаат малку витамин Ц. Само основите. И имам колега во градот овде, медицински доктор, кој започнал организација во Хондурас. А ти, доаѓајќи од семејство мисионери, знаеш колку е важно да се излезе и не само да им се помогне да научат за она што го правиш во твојата мисионерска работа, туку и да им се помогне да научат што треба да прават за санитација и хигиена и правилна исхрана. Имав разговор со неа и ѝ кажав само: „Можеш ли да обезбедиш обичен мултивитамин преку владата на Хондурас за сите овие луѓе?“ Таа рече: „Да, работиме на тоа во моментов.“ Значи, на твојата поента, ова се сите фактори кои навистина имале поголемо влијание врз целокупното здравје на поединците и долговечноста отколку вакцините. Но, конфузијата делумно доаѓа и поради нешто друго што го спомна претходно, а тоа е она што се случи во 1980 или 1981 година, кога фармацевтската индустрија беше ослободена од секаква правна одговорност за било што што се случува со овие вакцини. И потоа постои систем за пријавување преку ВАЕРС (Систем за пријавување на несакани дејства од вакцини) за кој можеш да зборуваш малку повеќе, каде што би требало да можеш да пријавиш повреда од вакцина. Но, тоа навистина не ги решава работите, а исто така, секое плаќање за тоа доаѓа од џебот на даночните обврзници, а не од фармацевтската индустрија. А потоа, ако го комбинираме тоа со рекламирањето што беше дозволено, знаеш исто толку добро како мене, пред 40 години кога и ти и јас почнавме да практикуваме, ако медицински доктор се рекламираше на телевизија, ќе беше укорен и потенцијално изведен пред одбор. Зошто не зборуваш за тие работи? Сигурен сум дека можеш да зборуваш малку подолго и за тоа.
Д-р Гордон Доналдсон: Работата со тоа беше 1986 година, тој и даде на фармацевтската индустрија помилување. Всушност, интересно е бидејќи поединецот кој всушност го посредуваше тоа беше Ентони Фаучи. Леле. И преку него тие решија да ги ослободат. А целата причина за тоа беше што тие ја туркаа вакцината, а фармацевтската индустрија дојде до нив и рече: „Гледајте, ќе банкротираме затоа што гледаме толку многу смртни случаи, нè тужат за смртните случаи и повредите од вакцините. Банкротираме поради тужбите.“ Па, не кажува ли тоа нешто веднаш? Ако имаат толку многу несакани дејства и смртни случаи и тужби од тоа, тогаш треба да се запрашате за целата работа со безбедност и ефикасност. Значи, тоа беше целата работа и тоа беше со Законот од 1986 година. А потоа, брзо се префрламе на денес како тоа продолжува, и како тогаш, поради тоа, тие само го зголемуваат бројот на вакцини. Така, „еј, немаме ништо, ајде да најдеме нов златен рудник, да го ставиме на распоредот“. Откако ќе биде на распоредот, тогаш наместо препорака, станува услов. Па сега, тоа се пари. Ајде да го туркаме на сите деца и да го туркаме на сите возрасти, дури и кога немало инциденца. И повторно, овие вакцини, на пример, малите сипаници, деценија пред вакцината да излезе на пазарот, смртноста беше сведена на еден во 10.000. И си велиме: „Океј, инциденцата на смрт од мали сипаници веќе беше практично нула пред вакцината.“ И тоа беше деценија пред вакцината да излезе на пазарот. Значи, треба да разбереме што стои зад тоа, и повторно, тоа има врска со ослободувањето од одговорност, и тогаш сè е дозволено и сè доаѓа по пат, а сè е за пари, навистина на тоа се сведува. Можеме да го допреме тоа, но навистина тука стапува во игра. Според мое мислење, јас пораснав со вакцини. Отидов, како што рече, бев мисионерско дете. Добивме вакцини за да одиме во Перу. Да, добивме тетанус, добивме дифтерија. Но, тогаш кога отидовме, вкупно добив 10 вакцини. 10. А потоа, кога ги погледнеш антигените и сите вакцини, мојата прва вакцина ја добив дури кога заминував на мисионерското поле, на 7 години. Тоа е уште еден многу важен фактор, возраста кога се даваат. Исклучително важно. И пак, 10 вакцини после седум години. Тоа е сосема поинаква работа кога станува збор за развојот на детето. И пак, имаш многу помалку. Никогаш не ја добив ММР вакцината; веќе ги имав малите сипаници. И така, со тоа, ги немаше тие работи што ги имаш сега, кога децата се практично како перничиња за иглички. И мислам дека сега е до 90 антигени ако ги добијат сите препорачани вакцини. И тоа е другата работа каде си играат игри со целата оваа работа, колку вакцини или антигени добива детето наспроти колку инјекции добива, бидејќи комбинираат пет и шест во една посета. Па си велат: „Па, добија само две инјекции.“ Но, добија шест или осум антигени. Антигените се проблемот бидејќи тие се протеините. Така, тука влегуваш во ситуација. Тие си играат со семантика: „Па, децата не добиваат толку многу инјекции, добиваат само 30 во текот на животот или додека наполнат 18 години.“ Не, но добиваат повеќекратни одеднаш, а во природата никогаш не би сретнале, твојот имунолошки систем никогаш не би сретнал такво оптоварување одеднаш.
Д-р Даглас Фајфер: И знаеш, на твојата поента, кога ние бевме деца, добивавме полио и ситни сипаници, периодот, тоа беше. А останатите ги добивме… Како што рече, имав мали сипаници, ги имавме сите тие и преживеавме, и всушност напредувавме, бидејќи мислам дека, како што можеш да потврдиш, имунолошкиот систем е посилен како резултат на природниот имунитет. И ова беше дебата за време на КОВИД низ која поминавме, природниот имунитет наспроти мРНК вакцината. Дали би сакал да… и мислам дека ова е важно за луѓето, бидејќи ова повторно ќе се појави сега. Можеби не толку сега, но кој знае со каква администрација ќе бидеме вмешани во иднина. Кога првпат излезе вакцината со мРНК за итна употреба, многу пациенти и многу поединци во заедницата ме прашуваа дали јас ќе се вакцинирам, и никогаш не одговорив на тоа прашање. Одговорив со друго прашање, а моето прашање до нив беше: „Дали знаете што е мРНК?“ А нивниот одговор, до еден, Гордон, беше: „Не, не знам.“ А јас тогаш би рекол: „Дали би сакале да знаете што е тоа?“ И би седнал и буквално би нацртал што прави мРНК во вашето тело и вашата клетка и што се случува кога ќе ви ја инјектираат во системот. Ова беше експериментално, како што знаеш. Никогаш не беше одобрено за употреба пред оваа итна употреба. Па, ме интересираат твоите размислувања за тоа, бидејќи во иднина, мислам дека е важно, и една од работите за кои силно се чувствувам, како и ти, е образованието на нашите пациенти и заедници. Во иднина, ова повторно може да се појави со други… што неизбежно ќе се случи. И верувам дека повеќето истражувања, ако не се лажам, беа направени со овој тип на вакцина за истражување на ракот со мРНК. Но, какви беа твоите размислувања и какви се твоите размислувања за ова во овој момент?
Д-р Гордон Доналдсон: Па, за мРНА платформата и д-р Роберт Малоун, само треба да излезете, да го побарате, тој беше еден од развивачите на истата. Но, самата мРНА платформа е значајна во смисла дека она што го прави, мРНК влегува во клетката, на поедноставен начин влегува во клетката, ја презема и ја зазема ДНК-та, се вклучува во ДНК-та и потоа произведува, во случајот со КОВИД, спајк протеин. Спајк протеинот е проблематичниот протеин, тоа беше целата болест со КОВИД, спајк протеинот. Не беше вирусот, не беше коронавирусот тој што беше големиот проблем. Коронавирусот е едноставно вирус на настинка. Но, она што го ставија на него, спајк протеините, беше вистинскиот проблем. И така, во ситуацијата со мРНК, таа влегува во клетките, ги презема клетките. Клетките потоа произведуваат спајк протеин и го исфрлаат во системот, на што системот треба да формира антитела на она што го произведуваат клетките, и „еј, ние сме имуни“. Па, тоа не функционира така, бидејќи знаеме дека спајк протеинот е тој што предизвикува повторно воспаление, како што го нарекувам, тромбо-воспалителна болест. Тоа е во основа она што е, предизвикува големи проблеми со згрутчување и со воспаление. Па сега имаш некој кој произведува спајк протеин, нивните фабрики не се исклучуваат. Тоа требаше да биде намерата, знаеш, само произведуваш малку, телото го разградува и продолжуваме. Не, тоа не се случува. Тој се вградува, би можеле да навлеземе во секакви работи за тоа каде оди, но оди практично насекаде. И така, големите проблеми што ги предизвикува, секако, на сите им е познат миокардитисот, воспалението на срцето, но може да удри, сум видел да удри на кој било органски систем во телото. Наведете ми, ќе ви кажам дека имам пациенти со кои работам или сум работел каде што е така. Вклучувајќи го и големиот, кој станува аеробен проблем, а тоа се срцевите аритмии, проблемите со ритамот што се случуваат, и луѓето паѓаат, едноставно паѓаат. И тоа е голем, голем проблем со тоа. Но, за да дојдам до она каде што си ти, повторно, јас лично имам мои пациенти кои биле вклучени во истражувањето каде што ќе ја користат мРНК технологијата. Гледаат да ја користат мРНК технологијата за вакцини против грип. Гледаат да го направат тоа. А потоа, мојата пациентка ја заврши својата докторска работа користејќи мРНК технологија за вирусот на хепатитис. И така, она што ќе го направат е методично да поминат низ секоја од тие вакцини и да ја претворат во мРНК на мРНК платформа. Леле. Тоа предизвикува пустош. Мислам, не можам ни да замислам, само од она што го видовме со КОВИД вакцината, како тоа воопшто ќе се доближи. Значи, системот ВАЕРС и системот ВСејф, ако погледнете графикон, и јас ги имам овие, и буквално само од мРНК вакцината, бројот на смртни случаи во последните пет години е половина од сите смртни случаи од сите други комбинирани вакцини од почетокот на системот ВАЕРС, кој беше во 198… нешто или 1990.
Д-р Даглас Фајфер: И тоа се само пријавените податоци. Има многу повеќе од тоа што не се пријавени, нели? И тоа е предизвикот. Но, знаеш, на твојата поента за мРНК за други вакцини, според мене, постојат две причини зошто сакаат да го направат ова. Прво, брзо е. Не мора да чекаат, пред многу години, го инјектираш во јајце, го одгледуваш и го создаваш антигенот. И број два, евтино е. Многу е евтино за правење во споредба со некои од другите процеси низ кои треба да поминеш за да создадеш вакцина. Така, на твојата порана поента, д-р Доналдсон, се работи за пари. Едноставно и јасно. Се работи за пари. И ова се надоврзува и на точката за рекламирањето што ја спомна претходно, за тоа како тоа се смени и сега можеме да ги рекламираме сите овие работи на телевизија. Стигнавме до точка каде што имаме пациенти кои одат во ординација и му кажуваат на докторот што им треба или што сакаат. Лудо е. Ја видел таа метаморфоза во текот на својата кариера, знам.
Д-р Гордон Доналдсон: Апсолутно. И интересно е бидејќи има само две земји во целиот свет каде што е дозволено рекламирање, Нов Зеланд и Соединетите Држави. Ниту една друга земја не дозволува рекламирање на кој било фармацевтски производ воопшто. Знаеш, дури и ако ја погледнеме таа страна на работите, и пак со целата оваа вакцинска ситуација, за да одам онаму каде што е повторно на чело со ММР и аутизмот, и она што го вели Роберт Ф. Кенеди, и тука навистина наоѓам за интересно. Тој не вели да се отфрлат сите вакцини. Тој вели: „Ајде да направиме соодветна студија за нив за да видиме дали се безбедни и ефикасни.“ Тоа е сè што сакаме. Тоа е она што сакаме да го направиме. И така, проблемот е што тие се борат против тоа со заби и нокти, бидејќи она што навистина го знаат зад сцената е дека не се. Тоа е суштината, бидејќи ниедна вакцина никогаш не била проучувана наспроти плацебо (солен раствор). Секогаш биле проучувани само наспроти друга вакцина. Па тоа е како: „Профилот на несакани дејства не е толку лош…“, но не е толку лош како профилот на несакани дејства од оваа вакцина или од онаа вакцина. Па, која вакцина има најлоши несакани дејства, тоа е всушност она за што се работи во овие студии кога ќе погледнете наспроти што се става. И тоа е вистинскиот проблем. Значи, она што тој го вели е: „Гледајте, ајде да направиме вистински, отворени, плацебо-контролирани студии со овие вакцини и да видиме дали се навистина безбедни и ефикасни.“ И зошто некој не би сакал да ја знае вистината и фактите во врска со вистината и фактите? Некои од нив подоцна, преку други истражувања, ќе бидат изменети или сменети или побиени или нешто слично. Но, ние ги засноваме работите на податоците и фактите. И за жал, имаме луѓе таму кои се мотивирани од нешто друго, а не од факти и податоци. И тоа е срамота. Тоа е токму тоа со целата работа, зборувајќи повторно за тој мотивациски фактор, за тоа како функционираат на етичката страна на работите, и како излегуваат разоткривачите, тоа е, било преполно со она што се случи. Само за ова правам брзо истражување на тоа, а тоа е дека четирите најголеми производители на вакцини, Фајзер, ГлаксоСмитКлајн, Мерк и Санофи, четирите најголеми, само од 2020 до 2024 година, тие четири компании исплатиле вкупно над 33 милијарди долари казни поради лошо производство, поради проблеми, поради неспособностите во производството на вакцините. Но, само во 2023 година, тие три компании заработија над 205 милијарди долари. Така, казните стануваат само ставка во трошоците за водење бизнис за овие компании, и тука лежи проблемот. Тие не се држат одговорни. „Океј, ги имате овие казни, тоа е проблем со несаканите настани што излегуваат од вашиот производ.“ Но, тие ги плаќаат казните и едноставно продолжуваат понатаму.
Д-р Даглас Фајфер: Да, бидејќи повторно, тоа е дел од водењето бизнис со целата вакцинска индустрија. Тоа е фармацевтски индустриски комплекс и сè се сведува на доларите. Тоа е многу очигледно со она што е најново сега, каде што федерален судија штотуку дозволи тужбата против Роберт Ф. Кенеди да продолжи поради неговата промена на неговите препораки, отстранувајќи ги овие вакцини од препораките.
Д-р Гордон Доналдсон: Па, причината е многу едноставна. Бидејќи правејќи го тоа, сега овие клиники, болниците, педијатрите или докторите, да речеме само доктори, бидејќи како семеен практичар и јас можам да давам вакцини, сега тие не ги добиваат бонусите од Медикер, Медикеид и осигурителната индустрија, а потоа и од фармацевтската индустрија. Значи, сè е за пари. Тоа е вистинската причина зошто се жалат. Не затоа што е отстранета од препорачаниот распоред за вакцини, туку едноставно затоа што сега бонус доларите исчезнуваат што ги добиваа за тоа. И затоа овие педијатри се многу милитантни: „Ако нема да го вакцинирате вашето дете, тогаш не ве сакаме во нашата ординација.“ Поради бонус поттикнувањата што произлегуваат од тоа. Во просек, обичен педијатар кој вакцинира најмалку 80% целосно од својата популација на пациенти, може да добие бонус од 100.000 долари. И клиниката ќе добие дополнителни во просек 500.000 или 600.000 долари. Значи, тогаш треба да се запрашате: „Океј, кој е мотивот за давање на вакцините?“ Не е за безбедноста на детето, туку е за профит. Повторно, д-р Пол Томас, кој ја изгуби лиценцата, кој се бори сè до ниво на Врховниот суд во овој момент, ја загуби лиценцата затоа што излезе со студија, верувам со Џон Лик, која во основа покажа во неговата пракса дека децата што биле вакцинирани не биле толку здрави колку децата што не биле вакцинирани. Така? И поради тоа, тој ја објави студијата, во основа беше принуден да ја повлече и ја загуби лиценцата поради тоа. Па, да се запрашаме… но, ајде да размислиме логично само за тоа како работите функционираат точно. И мислам дека толку многу луѓе се целосно несвесни за поттикот на вакцинациите.
Д-р Даглас Фајфер: За мене тоа е речиси неетички, дека би заработувале пари врз основа на тоа што го вбризгувате ова во децата. И моето потекло, како што знаеш, а и ти си усогласен со тоа, е дека правиме сè што можеме за да ги одржиме пациентите подалеку од фармацевтски производи ако е можно. Го признаваме фактот дека тие се неопходни понекогаш, но се обидуваме да ги избегнеме ако можеме. И во мојата пракса, сигурен сум и во твојата, мнозинството пациенти кои имаат осумдесет и повеќе години земаат малку фармацевтски лекови, а многу од нив земаат суплементи со години и години. Значи, ова беше задоволство. Ова беше одлично. Ти си ризница на знаење, пријателе, и многу ти благодарам што си со нас денеска. Ова е нешто за кое мислам дека треба да го направиме повторно, бидејќи можеме да навлеземе во многу различни теми заедно. Имаш ординација таму во Моргантаун, Моргантаун семејна пракса. Дали постои начин луѓето да стапат во контакт со тебе ако сакаат?
Д-р Гордон Доналдсон: Па, можат. Еве ја мојата работа. Очигледно, како што и ти добро знаеш, бидејќи со мојата велнес пракса и со тој дел од неа, имам листа на пациенти кои сакаат да влезат, а моментално сум само јас. 2026 година, се надевам, гледаме да, се обидувам да станам поефикасен користејќи технологија, добро за тебе, и да го вклучам и мојот лекарски асистент, за да можеме да примиме луѓе кои се навистина заинтересирани за своето здравје. Бидејќи ќе го кажам, без никакво сомневање, единствениот начин луѓето да живеат здраво е дека ќе мора да го преземат тоа во свои раце и ќе мора да најдат луѓе со кои ќе работат. Ќе ти кажам една брза работа во врска со тоа. Имав еден соработник кој се јави од ординацијата на мојот син. Бидејќи мојот син ме упати него, затоа што има проблеми од повреда од КОВИД вакцината. И тој се јави затоа што имам мој протокол за справување со тоа. И тој рече: „Го зедов твојот протокол кај мојот лекар и го прашав дали би работел со мене на овие лекови и суплементи, а тој не сака.“ И тоа е проблемот. Едноставно едноставно е, се обидуваме само да помогнеме некому да закрепне, бидејќи тој разбира каде е проблемот. И така, повторно, се надевам дека во оваа ситуација, тој сака да дојде кај мене и си велам: „Океј, ајде да видиме каде да го сместам.“
Д-р Даглас Фајфер: Тоа е добар проблем за имање и мислам дека двајцата го имаме. Но, тоа е можност за нас да можеме да помогнеме таму каде што нема помош конвенционално. Продолжи со твојата прекрасна работа, пријателе. Ќе се сретнеме повторно на оваа платформа и ќе имаме некои други разговори за други теми во врска со здравјето и благосостојбата.




