На 25.04.2026 во 15:30 часот во ПС Кичево е пријавено дека на регионалниот пат Кичево – Демир Хисар, во близина на с. Видрани, од патот излетало патничко возило „фолксваген поло“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Т.С. (62) од с. Другово, кичевско.

-Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт кај возачот, а по кажување на сопругата на возачот, која била во возилото, Т.С. се пожалил на болки во градите, по што му се слошило и со возилото излегол надвор од коловозот, информира МВР.

По насоки од јавен обвинител, телото е дадено за обдукција.