Подготвил: Дарко ЈАНЕВСКИ

Д-р Бранимир Нестровиќ е еден од најпознатите и најценетите пулмолози во Србија и член на Кризниот штаб на оваа држава за справување со корона вирусот. На почетокот од епидемијата излезе со изјава дека нема потреба толку да се паничи, но потоа се корегираше. Во овој разговор за една од српските телевизизи, чиј чест гостин е, ја објаснува катастрофата во Шведска која жртвуваше неколку илјади стари лица, објаснува дека на почетокот во Србија имале пациент кој бил позитививен на грип и на корона во исто време, апсолутно е сигурен дека Србија ја имала короната и во јануари (ние оваа година изброивме 37 000 случаи на грип наспроти 20 000 лани што упатува на тоа дека и кај нас е можно короната да била присутна порано без Филипче и властите да ја видат), апсолутно е сигурен дека вирусот е создаден во лабароторија, посочува на истражување на Кембриџ кое открива три вида корона вирус од кои Италија ја погодиле два итн. Инаку, смета дека сега треба што поголем дел до населнието да се зарази за да се стекне имунитет, но е мошне сигурен дека нема да има втор бран, па самиот влегува во контрадикторност. Но, податоците што ги изнесува, а дел од нив очигледно ги дознава и во рамки на Кризниот штаб и преку контактите на Штабот со Александар Вучиќ, српскиот претседател, вредат апсолутно внимание. Интервјуто, чиј сегмент пренесуваме е од 6 мај:

ВОДИТЕЛКА: Извинете, што е проблемот со Шведска, дека нивната стратегија е рано донесена, а да беше подоцна…

НЕСТОРОВИЌ: Не, проблемот  е што не беше донесено ништо. Тие ја пуштија епидемијама три- четири недели да букнува, а кога видоа што се случи, ја затворја државата, ама беше доцна. Изгледа дека е критично тие први четири-пет недели, тогаш навистина се мора да биде затворено…. Вчера овие од Кембриџ, објавија еден труд со чудни импликации: тие покажаа дека во Италија имало еден потполно нов сој на вирус. Тие покажаа дека првиот вирус кој бил во Италија, а знаеме дефинитвно дека тој бил во декември, извршена е обдукција на пациент во Италија кој умрел во декември, 27 декември, и најдено е дека имал корона…

ВОДИТЕЛКА: И Франција…

НЕСТОРВИЌ: И Франција и САД, но изгледа дека тој вирус во декември кој бил во Италија не е ист со тој кој се појавил кон крајот на февруари. Тие велат дека овој новиот кој се појавил и кој бил доста вирулентен, доста силен, велат дека е целосно поинаков и нема врска со овој од декември односно со тој тој од Вухан…

ВОДИТЕЛКА: Па од каде два вируса…?

НЕСТОРОВИЌ: Не знам… допрва ќе видиме…

ВОДИТЕЛКА: Ќе го открие ли Трамп тоа, еве најави некои документи дека вирусот е создаден во лабораторија…?

НЕСТОРОВИЌ: Па веќе никој не се сомнева дека е создаден во лабораторија. Е сега тоа носи многу импликации, чија е лабораторијата, кој ја финансира, гледате Трамп го обвини и оној Фаучи кој му беше главен советник… го обвини дека тој ја спонзорирал таа лабораторија во Вухан… Се и сешто сега се случува, но тоа што е интересно е дека таа приказна за вирусот сега е сосема поинаква. А што е најинтригантно – овој вирус во Америка е целосно поинаков од тој во Италија. Англичаните велат: А, Б, Ц… И целосно беше поинаква клиничката слика во Италија од таа во Кина. Ако сакате и кај нас… Ние воопшто не го видовме тоа што Италијанците го опишуваа – бубрези, јетра…

ВОДИТЕЛКА: Ама како е можно кога кај нас короната е увезена токму од северот на Италија, каде беше најсилен..? Тогаш не сме го увезле од таму…?

НЕСТОРОВИЌ: Тоа не го знаеме! Ќе видиме. Ние сега ќе правиме тестирања за антитела, но освен тоа ќе се обидеме да видиме кој е нашиот вирус. Имаме капацитет за тоа…И да видиме кој вирус беше кај нас. Според клиничката слика личи дека го имавме Ц, тој од Кина, поблагиот, а можно е дека овие кои го имаа кај нас потешкиот облик на болеста, некои и умреа, да го имаа тој вирусот од Италија….

ВОДИТЕЛКА: Значи сме имале два типа на вирусот?

НЕСТОРОВИЌ: Веројатно…

ВОДИТЕЛКА: Ако го споменувате тој 27 декември… ете многу земји тргнуваат од тој датум, професоре, и кај нас во јануари имаше мнгу запаленија на белите дробови, со чудни симптоми… така ни изгледаше јануари. Дали ние можеме да се посомневаме дека во јануари веќе сме ја имале короната… Ако била во декември во Италија, ако била во Франција… зошто не се сомневаме дека и кај нас била во јануари?

НЕСТОРОВИЌ: Јас не се сомневам. Јас мислам дека сигурно сме ја короната и тогаш. Целосно сум убеден. Но тогаш немавме тестови, немавме елементи да ја тражиме таа болест, но апсолтутно е сигурно… гледајте, ако ја видите таа фрекфенција, беше Нова година, католички Божиќ, луѓето доаѓаа, целосно е сигурно. Ние имавме тешки пневмонии, мошне тешки. Имавме тешки пневмонии предизвикани и од грипот. И сега гледајте во што е проблемот. Овој тест има извесни преклопувања со вирусот на грипот. Оттука се јави и теоријата на заговор дека овој вирус – корона – воопшто го нема, туку дека луѓето имаат грип. А не е така. Не е точно. Тестот открива дел од геномот на вирсуот – РНК и оној сегмент кој е избран за тестирање од короната е вкрстено реактивен со вирусот на грип. И ние имавме еден пациент од Ниш, кој беше на респиратор па беше симнат од респираторот и кој го имаше и едниот и другиот вирус, значи и грип и корона… На почетокот од кризата, таму некаде кон крајот на февруари.

ВОДИТЕЛКА: Дали е тоа проблемот кај Италија, овој вториоиот потежок вирус да им се поклопи со сезоната на грип?

НЕСТОРОВИЌ: Изгледа дека Италија имаше тешка сезона на грип, па имаа корона 1 вирус, ајде така да го наречеме тој првиот во декември и после им доаѓа овој вториов Б кој е највирулентен. Така што им им се случи да имаат три вируса, два корона и еден грип, од кои овој последниов е најагресивен и тој всушност ги покоси луѓето, иако кај нив бројката е голема зашто тие имаа страшна смртност во домовите за стари луѓе, 30-40 отсто.