Дејан Георгиевски, нашиот спортски херој од ОИ во Токио, успеа на Македонија да донесе ново злато во таеквондо и уште еднаш да покаже дека е еден од најдобрите во светот.

Македонецот денеска успеа да го освои Опен Скопје Г1, што носи бодови за остварување на олимписката норма.

На овој турнир кој се одржа викендов во Скопје учествуваа таеквондисти од 40 земји, а денеска Георгиевски просто воодушеви со својата борбеност и победа во финалето против Куецуеексунгур од Германија, па на 2:0 за Георгиевски, противникот го предаде мечот поради повреда и тоа во втората рунда.