Утрово бил демолиран автомобилот на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева, соопшти таа преку социјалните мрежи.

-Понеделничкото утро на мене и мојата фамилија ни започна вака, го најдов моето возило искршено и демолирано. Очигледно се во паника и исплашени, па тргнаа да не заплашуваат и нас зошто знаат дека ќе има одговорност за сите криминали, објави Митева на Фејсбук.

Таа натаму во објавата додава:

-Ако некој мисли дека пораката е примена, можам само да ви порачам дека ваквите методи кои се одлика на страв предизвикуваат поголема храброст и кај мене и кај ВМРО-ДПМНЕ. Сега сме 100% уверени дека сме погодиле точно во сржта, а да знаете одговорност ќе има, напиша Митева.