Љубителите на фудбалот денеска ќе имаат можност да уживаат во три натпревари кои ветуваат возбуда во рамките на групната фаза на ЕУРО 2024.

Репрезентациите на Словачка и Украина ќе ги соочат силите на стадионот „Арена Диселдорф“ во 15:00 часот.

Полска игра против Австрија на стадионот „Олимписки Стадион“ во Берлин во 18:00 часот.

Фудбалскиот ден завршува со мечот меѓу Холандија и Франција кој ќе се одигра на стадионот „Ред Бул Арена“ во Лајпциг, со почеток во 21:00 часот.