Денеска се навршуваат две години од референдумот на кој граѓаните на Република Македонија одбија државата да се преименува во Северна.

И покрај тоа власта ја игнорираше волјата на народот, криејќи се зад меѓународната заедница која во сите извештаи, бара почитување на правото во Република Македонија, а во овој случај го поддржа кршењето на Уставот чии одредби велат дека одлуката донесена на референдум е задолжитена (иако постојат правни акробации околу тоа откако беше донесен Законот за референдум).

Тоа доведе до потреба да се продолжи со задушување на медиумите во Македонија, со цел да не постои медиум кој може да поставува незгодни теми и прашања надвор од тоа со што треба да се забавува народот за да се одвлече неговата мисла во друга насока. Таа состојба продолжува и трае и денес.

Ќе остане забележано и дека народот беше оставен сам во оваа борба.

Утре пак, формално е 1 октомври, а неформално е 1 септември, ден кога почнува учебната година. Наставата ќе се одвива комбинарано, така што од прво до трето одделние таа е с еодвива со физичко присуство ан учениците, како и таму каде за тоа има усови. Останатите ќе учат он-лајн.

Сето ова можеше да се изведе и училишната година да започне на време, како и секогаш – на 1 септември. Под услов, да не стануваше збор за неспособна власт.

Сега е јасно и зошто нам не ни е дадено