Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и топло, попладне во планинските предели со ретка појава на краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. УВ= 8

Утринската температура ќе се движи од 11 до 19 степени, а дневната температура од 26 до 36 степени

Во Скопје сончево и топло, попладне во планинските предели со ретка појава на краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе достигне до 16, а дневната до 34 степени.

Утре, сабота, ќе има поизразена нестабилност, на места со пообилен пороен дожд, засилен ветер и услови за појава на град. Во недела ќе има локален пороен дожд и ретки грмежи.