Времето во Македонија претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне нестабилно, со локален дожд и грмежи. Ќе дува повремено засилен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 18 степени, а дневната температура од 18 до 32 степени.

Во Скопје претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне нестабилно, со локален дожд и грмежи. Ќе дува повремено засилен северен ветер.

Утринската температура ќе достигне до 16, а дневната температура до 29 степени.

Во понеделник ќе дува засилен ветер и повеќе нестабилно ќе е кон западот, со пороен дожд, грмежи и северен ветер. Во вторник се очекуваат повторно поројни врнежи, но условите за нестабилност да се помали, а во среда и четврток да биде претежно сончево со мала до умерена облачност. Дневните температури ќе бидат во пораст, освен во вторник кога времето ќе е за неколку степени посвежо.