Денеска е 21 октомври (по стар стил) и се слави Св. Иларион Мегленски. Именден слават Иларион, Веселин, Весела…

Роден е од угледни и побожни родители. Неговата бездетна мајка долго Му се молеше на Бога да ѝ даде едно дете и заради нејзините молитви ѝ се јави Пресвета Богородица и ја утеши со зборовите: „Не тагувај, ќе родиш син и тој многумина ќе обрати кон светлоста на вистината.“

Кога Иларион имаше три години, од неговите усни непрестајно се слушаше песната: „Свјат, Свјат, Свјат Господ Саваот!“ Добро школуван, тој се замонаши во својата осумнаесетта година и основа манастир со типикот на свети Пахомиј. Трновскиот архиепископ Евстатиј, во 1134 година го ракоположи за епископ Мегленски.

Свети Иларион речиси сиот живот водеше голема борба против богомилите и против ерменските еретици. Но, со својата духовна ученост и со својата светост неспоредливо ги посрами сите и мнозина од нив ги приведе кон Православието.

Се упокои мирно во Господ во 1164 година.