Државната изборна комисија соопшти дека до 15 часот гласале 527.068 избирачи.

Од обработени 95,67 проценти од избирачките места вкупно гласале 527.068 или 30,34 проценти до 15 часот.

Најголема излезеност има во општини Македонски Брод, Крива Паланка, Демир Капија, Демир Хисар и Крушево. Општини со најниска излезеност се Желино, Боговиње и Центар Жупа.