Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски денеска најави изградба на спомен обележје за бранителите од конфликтот во 2001 година и припадниците на МВР од немилите настани во Диво Насеље во 2015 година во Куманово.

– Очекувам на некоја од следните седници на Советот на Општина Куманово едногласно од сите политички партии да се прифати иницијативата на здружението на ветераните ЗАПВАРС од Куманово и синдикатот на полицијата од Македонија за изградба на спомен обележје на сите Кумановски бранители од 2001 година, вклучувајќи ги и припадниците на МВР од Кумановските настани од 2015 година, изјави Димитриевски.

Градоначалникот на Куманово додаде дека „тие не задолжија, тоа е наша обврска која до ден денеска не е исполнета“.

Веднаш по овојнастан во 2015 година тогашниот лидер на СДСМ и бивш премиер Зоран Заев си направи селфи и подоцна политичка кариера и од овој крвав наста во 2015 година.