Премиерот на Северна, Ковачевски, денеска од собраниската говорница, одговарајќи и на Рашела Мизрахи за клубот во Битола „Ванчо Михајлов“ вербално нападна тврдејќи дека токму ВМРО-ДПМНЕ е одговорно што фигури на Михајлов има во Штип и во Музејот на револуционерна брба во Скопје.

Ковачевски изгледа не прави разлика меѓу постановки во музеј и меѓу „културен клуб“ со име на некој кој се врзува за фашизмот и нацизмот.

Ова се восочните фигури на Адолф Хитлер во музејот „Мадам Тисо“. Првата фотографија покажува двајца млади кои се отпоздравуваат со нацистичкиот поздрав и биле забележани и снимени од туристи од Израел кои се пожалиле до управата на музејот. Тие им одговориле дека го осудуваат потегот на младите, но дека во принцип, ја охрабруваат интерекацијата ан посетителите со фигурите.

Вторта фотографија е од музејот „Мадам Тисо“ во Берлин. Фигурата чинела 200 000 евра, а четити месеци ја работеле 20штина лица. Музејот е отворен во 2008 година. На бурните реакции од јавноста, менаџерката на музејот одговорила:

„Не гледам во што е проблемот. Тој исто така стои во Лондон и таму е во многу моќна позиција, што овде воопшто не е случај. Тој седи овде и изгледа како скршен старец во последните денови од својот живот“, рекла Сузан Келер. Таа укажула и на фактот дека една анкета покажала дека посетителите сакаат да видат фигура на Хитлер во музејот. За разлика од ликовите на Хајди Клум или Питер Мафај, сепак, според правилата на музејот, тие не смеат да се допираат или фотографираат. Но, наското некој му ја скршил главата на воштениот Хитлер.

Ова е фигурата е повторно фигурата од лондонскиот музеј, а управата морала д апостави чувар, за да с еизбегнат сцените со фотографирање на некои посетители со нацистики поздрав.

Ова е друга фигура од лондонскиот музеј, снимена на 26 октомрви 2013 година.

Ова е една од двете воштени фигури на Ванчо Михајлов во Македонија.