Просечната нето плата исплатена од компаниите во ТИРЗ зоните во 2025 година е зголемена за 6% во однос на 2024 година, покажуваат најновите податоци, пишува на Фејсбук директорот Гоце Димовски.
Во истиот период, компаниите од ТИР зоните уплатиле над 6,3 милијарди денари во државниот буџет, што претставува раст од 10,5% споредено со претходната година.
Позитивни движења се забележуваат и во извозот. За првиот квартал од 2026 година, извозот на компаниите од ТИР зоните е зголемен за 11% во однос на К1 од 2025 година, додека на годишно ниво, во 2025 година е забележан раст од 6,5% споредено со 2024 година.

Шест квартали по ред се бележи раст на бруто домашниот производ од 3,5%, во период кога повеќето европски економии бележат пониски стапки на раст.
Дополнително, Дирекцијата за ТИРЗ во 2025 година се искачила на второ место според усогласеност со утврдените стандарди за системот за интегритет, според извештајот на ДКСК. За споредба, институцијата во 2023 година била рангирана на 38. место, а во 2024 година на 15. место.
Од Дирекцијата посочуваат дека овие резултати се дел од процесот на реструктурирање на економијата и консолидирање на институциите во изминатиот период, пишува во својата објава Димовски.




