Директорката на националната агенција за европски образовни  програми, поранешна пратеничка на СДСМ и активен учесник во тн. шарена револуција, Лидија Димова, на денешната прес- конференција одговараше на прашањата за наводни злоупотереби на европски пари.

Според Димова парите се делат по програма утврдена од Брисел, и потенцираше оти не ги дели директорката. Таа уште еднаш повтори дека станува збор за давање пари на грантови, не на фризерница.

Димова рече дека нема намера да даде оставка која беше побарана од опозицикста ВМРО-ДПМНЕ . Затоа што сите проекти се влезени во базата на Брисел и не можат да се избришат.

Со Димова на пресот присуствуваше и Зоран Златковски, сопственик на В.Е.З Трејд.