До 15 часот гласале околу една третина од запишаните избирачи, покажуваат статистиките на ДИК. По доставени резултати од 94,63% од вкупниот број на избирачки места, излезноста е 34,68% или за речиси 6 проценти повеќе од првиот круг на претходните претседателски избори во 2019-та година. Тогаш процентот на излезност до 15 часот беше 28,89 отсто.

Најголема излезност е забележана во Новаци – 57,69 одсто, а по раното водство, Крива Паланка сега е втора по излезност односно излегле до 15 часови и гласале 51,92 % запишани во Крива Паланка. Нема други општини со натполовична излезност до 15 часот.

Најмала излезност е во Пласница каде гласале 12,57 % од запишаните, а во Центар Жупа излезноста е 13,11 одсто.

Од скопските општина најмногу гласачи се појавиле на бирачките места во општина Карпош, над 45 проценти. Најмалку гласале во Шуто Оризари, 19,55 отсто.

До 15 часот до ДИК се пристигнати 233 приговори за заштита на личното избирачко право. Од нив, 38 се усвоени и тие избирачи можат да гласаат, 21 се отфрлени како неуредни а 22 се одбиени. Останатите приговори се во обработка.