Условите што вчера Брисел ни ги постави и покрај тоа што Собранито веќе не преименува во Северна Македонија, покажуваат дека планот 3-6-9 на Бујар Османи, кој е т.н. министер за евроинтеграции, доживеал тотален колапс. Се разбира, тоа не значи дека поради ова тој ќе се си замине од функцијата, но колку за потсетување, еве што тој говореше во врска со ова во ноември ланската година, иако многумина уште тогаш му се потсмеваа и ја исмејуваа наводната сериозност на т.н. план:

БУЈАР ОСМАНИ, 20 ноември 2017 г.: Целта на планот 3-6-9 е да продолжи со почеток на преговорите со ЕУ

„Планот 3-6-9 во моментов претставува заокружена целина, во која се вметнати сите препораки, забелешки и сугестии кои доаѓаат од нашите меѓународни партнери, изјави вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, на средбата со еврокомесарот Јоханес Хан.“

На средбата, како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, присуствувале и вицепремиерот и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски и министрите за правда и за информатичко општество и администрација Билен Саљији и Дамјан Манчевски.

Османи на средбата реферирал за новите делови, шест и девет од реформскиот План 3-6-9 и ги посочил извештаите на Европската Комисија, Венециската Комисија, Греко, извештаите на високата експертска група предводена од Рајнхард Прибе, како и сите останати релевантни извештаи, како главен инпут при креирањето на Планот 3-6-9.

„Целовитоста на Планот 3-6-9 има за цел, по неговата имплементација, да не продолжи во нов дел 12, туку со одлука за отпочнување преговори“, рекол Османи.

На средбата, како што се наведува во соопштението, посебен акцент бил ставен и на областите за кои е констатирана најголема потреба за итноста на реформите, како што се: реформа на безбедносните служби, реформа на правосудството, како и реформа на јавната администрација.

Министрите Спасовски, Саљији и Манчевски реферирале пред еврокомесарот Хан за донесените стратегии, акциските планови и преземените активности при подготовката на Планот, но и за подготвеноста и посветеноста во имплементацијата на реформите.“

Ете, така беше во ноември лани. Како е сега, знаете и сами!