Како што пренесува BBC пред два дена, според статистиката на Одделот за образование (ДФЕ) покажува дека во Англија во втората половина на септември:

102.000 ученици (1,3%) имаа потврден случај на коронавирус (72 % повеќе, од 59,000 од претходните две недели или вкупно, во септември кај 161 000 дете бил потврден корона вирусот)

84.000 ученици (1 % од учениците) отсуствуваа со сомнителен случај на Ковид
5.000 отсуствуваа поради контакт
2.000 отсуствуваа поради затворање училишта поврзани со „Ковид“
11.000 беа изолирани од други причини

Генерално, еден од 10 ученици отсуствувал, но во средните училишта, бројката е еден од седум – 13,7% од учениците.

Типичните стапки на отсуство пред пандемијата на есен биле околу 4,5%.

Во Велс, имало повеќе од 10.000 случаи на „Ковид“ меѓу учениците и персоналот од почетокот на наставата.

Во Шкотска, најновите бројки покажуваат дека 14,637 ученици (2,1%) не биле на училиште на 7 октомври од причини поврзани со „Ковид“. Највисоките стапки на отсуство поради Ковид се регистрирани на 7 и 8 септември, кога 5,7% од учениците биле отсустви. На втори септември било пријавени дека 32 000 деца имаат Ковид.

Во Северна Ирска, 3,1% од учениците – околу 10.000 – учеле од дома поради самоизолација или социјално дистанцирање во текот на втората недела од есенскиот термин.

Кога ќе се соберат сите бројки за цел септември, излегува дека многу над 200 000 ученици во Велика Британија биле заразени. Процентуално тоа можеби изгледа малку, но бројката од 200 000 деца сепак е застрашувачка.

Велика Британија е една од ретките држави која не се плаши да ги објави податоците за Ковид меѓу учениците. Слично е и во САД. Во поголем број од другите европски земји, како и во Македонија, податоците се кријат.