Дојава за поставен експлозив попладнево имало и во основното училиште „Петар Поп Арсов“.

Денеска, нешто по 15.00 часот преку електронска пошта примена е порака во основното училиште „Петар Поп Арсов“ во Карпош 4 со заканувачка содржина во која е наведено дека е поставен експлозив во училиштето.

По приемот на пораката веднаш е известена полицијата, а децата се безбедно евакуирани.

Дојави за бомби има и за седум средни училишта. Едно од нив е средното училиште „Јосип Броз Тито“.

Во овие моменти гимназијата повторно е евакуирана, а учениците и професорите се надвор од објектот.

Полицијата го пребарува секое ќоше во училиштето, додека надлежните се уште не го решиле овој проблем.

Освен во оваа гимназија, денеска евакирани се ученици и од шест други училишта, меѓу кои и од „Никола Карев“, „Орце Николов“, „Панче Караѓозов“…

Ова е деветта дојава за бомба во средните училишта во Скопје откако првата се случи истиот ден кога во посета на земјава беше претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, на крајот на месецн октомври.

Од МВР велат дека ги проверуваат информациите за новите дојави за поставени бомби.

Спасовски иако рече дека набрзо ќе биде решен овој проблем, сепак одговор се уште нема додека учениците речиси секоја втора недела доживуваат стрес и трауми со дојавите на бомби.