Приватните превозници утре од 6 часот ќе ја блокираат десната лента на булеварот Илинденска од почетокот на Влада до раскрсницата кај Мида во Скопје.

– Коорданитвното тело на приватните превозници одлучи утре од 6 часот ќе се блокира Илинденска од потегот од Влада до раскрсницата кај Воена болница само едната лента, каде што ќе бидат поставени 200 автобуси. Причината е градоначалничката Данела Арсовска и останатите граѓани да дознаат дека имаме голем број автобуси. Засега не можеме да кажеме до кога ќе бидат поставени таму. Не знаме дали ќе бидат за време на викендот, доколку не се случи од понеделник исто ќе бидат таму. Ќе чекаме некој да се дрзне да се договори со нас и да биде во јавниот интерес, и бараме ако не сака Арсовска, нека најде некои други да најдеме решение за проблемот, рече Ленин Јовановски на денешната прес-конференција.

Тој потенцираше дека приватните превозници најавуваат доколку не се најде решение во понеделник е планирано да се блокираат крстосниците кај Мавровка, кај Црвен крст и булеварот Илинденска, целосна блокада на Град Скопје, а најава има и за заслување и радикализиранње на протестите од страна на превозниците, но во каква смисла ќе бидат сѐ уште не се знае.

Блокадите, како што објавивме, беа прекинати неколку дена поради посетата на германскиот претседател Франк Валтер Штајнмаер на Македонија.